Свет
6. January 2019 - 9:39

Хаосот во Франција се уште трае: Во Париз демонстрантите влегоа во владината зграда, сржавниот секретар евакуриан, а Кан гори

Потпаролот на владата и државниот секретар во кабинетот на премиерот Бенџамин Грив  итно е евакуиран откако 15 демонстранти насилно влеглоа во Министерството. 
 
Не се знае точно дали станува збор за „жолтите елеци“ или некои други. 
 
Со итна интервенција  евакуриан потпаролот и државниот секретар заедно со своите најблиски соработници. 
 
Опозицијата го повикува министерот и владата конечно да ја смират ситуацијата, бидејќи земјата е блокирана и секој нов ден носи голема штета врз економијата во Франција. 
 
Ситуацијата посебно ескалирала во Кан, градот во северниот дел на Франција каде центарот на градот буквално гори и градот личи на воено поле.