Фудбал
17. November 2015 - 20:35

Хаосот продолжува: Откажан мечот Германија – Холандија

Хаосот во светскиот фудбал што настана поради стравот од нови терористички напади на спортските терени продолжи со вечерашното откажување на натпреварот меѓу Германија и Холандија, што требаше да се игра во Хановер.

Иако беше најавено дека овој натпревар сигурно ќе биде одигран, а на истиот ќе присуствува и Ангела Меркел, последните информации говорат дека мечот е одложен, а стадионот во Хановер се евакуира.

Неофицијалните информации говорат дека станува збор за сериозна закана од тероризам, откако попладнево на улица во центарот на Хановер беше оставена торба што крена паника меѓу граѓаните. Иако во меѓувреме беше утврдено дека торбата е случајно заборавена, во меѓувреме се случи и нов инцидент во близина на стадионот што придонесе натпреварот дефинитивно да биде одложен.

Германската полиција најави дека во текот на ноќта ќе излезе со официјално соопштение за причините за ваквата одлука.