Балкан
3. March 2017 - 14:59

ХАОС ВО СОБРАНИЕТО: Српската радикална партија и приреди пекол на Могерини!

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, денеска во Собранието во Белград беше исвиркана од пратениците на Српската радикална партија, кои извикуваа „УА“ и „Србија, Русија, не ни треба Унија“.

Могерини говори на посебна свечена седница во Собранието, на која пристуствуваа премиерот Александар Вучиќ и повеќе министри од српската влада. Таа кон пратениците се обрати на српски јазик, а додека зборуваше радикалите викаа по неа.

Покрај однесувањето на лидерот на СРС, Воислав Шешељ, Могерини продолжи со говорот.

Могерини денеска ќе се сретне со Вучиќ, а српските власти очекуваат дека таа ќе ѝ даде поддршка на Србија за влез во ЕУ.

Високата претставничка на ЕУ вчера беше во посета на Скопје.