Свет
26. July 2016 - 21:18

Хаос во Шведска: Пукање во Малме, има повредени

Најмалку едно лице е повредено во пукање во трговски центар во Малме, Шведска. Според првичните информации, се работи за пресметка.

Едно лице е префрлено во болница со тешки телесни повреди, по пукање во Росенгард центарот. Како што пишуваат шведските медиуми, до пукањето дошло по расправа на група луѓе, и се верува дека се работи за класична пресметка. Постојат индиции дека тој што пукал е мигрант.

На местото на настанот се Брзата помош и полицијата, а напаѓачот е во бегство.

Трговскиот центар повеќе од два часа бил блокиран, а полицијата потоа ги евакуирала сите што биле внатре. Наводно е пронајдено оружјето со кое е извршен нападот. Очевидци велат дека напаѓачот едноставно си излегол од трговскиот центар.