Балкан
3. February 2019 - 13:42

Хаос во Подгорица: Силна експлозија го потресе главниот град на Црна Гора

Во центарот на главниот град на Црна Гора, Подгорица, утрово експлодира автомобил, а едно лице е во критична состојба.

„Едно лице е во животно загрозувачка состојба, во тек е реанимација. Правиме се што можеме“ , изјави директорот на клиничкиот центар Нермин Абдиќ.

Експлозијата се слушнала во поголемиот дел од градот, а очевидците за црногорските медиуми изјавиле дека автомобилот се движел кога експлодирал.