Хаос во Косовска Митровица: Косовските специјалци утрово уапсија четворица Срби, се слушнале и истрели, граѓаните на нозе
Припадници на косовските специјални единици РОСУ упаднаа рано изутринава во северниот дел на Косовска Митровица и уaпсиле четири лица.
Градоначалникот на Косовска Митровица, Горан Ракиќ изјави дека се уапсени полицаецот Драгиша Марковиќ и Саша Чуричиќ. Припадниците на Росу упаднале во нивните станови, ги удирале со пушки и со нозе, а потоа биле однесени во непознат правец.
Според потпретседателот на Српска листа, Игор Симиќ, во акцијата биле уапсени и Марко Рошиќ и Недељко Спасојевиќ.
Портпаролот на косовската полиција Даут Хоџај изјави дека единиците на косовската полиција упасиле четири лица во северниот дел на Косовска Митровица, а тоа е спроведено во рамки на истрагата за убиството на лидерот на ГИ СДП, Оливер Ивановиќ. За српската телевизија РТС, Хоџај истакна дека по налог на надлежен суд единици на косовската полиција извршиле рација на четири локации.
Во Косовска Митровица некаде пред шест часот се огласиле и сирени, кои се слушале речиси еден час. Како што објави РТС, се слушнале и неколку истрели.
Во тек е вонредна седница на Владата на Србија поради упадот на РОСУ.
Ново на Сител
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто