Балкан
25. April 2017 - 10:54

Хаос во градски автобус: Се степаа двајца пензионери, удираа со тупаници и патерици

Во еден од белградските автобуси, вчера во текот на денот избила несекојдневна тепачка на двајца старци.

Foto: Printcreen Facebook
 

Како што е објавено на Фејсбук профилот “Во живо од белградските трамваи и автобуси“ двајцата старци жестоко се истепаа во автобус на ГСП.

Еден бил толку бесен што својот противник го удирал со патерици, додека патниците бега на другиот крај од автобусот.

Во еден момент, мажот без патерици успеа да го турне својот противник и да побегне од автобусот. Причината за кавгата засега е непозната.