Балкан
18. November 2018 - 8:53

Хаос во центарот на Атина: Демонстрантите запалија американско знаме и удрија со камења по полицијата

Грчката полиција се судри со демонстраните во Атина, каде луѓето се собраа на годишнината од насилните протести во 1973 година после кои е соборена воената хунта.

Околу 10.000 луѓе прошетаа до американската амбасада во Атина, а многу Грци сметаат дека САД ја помагале седумгодишнаа воена диктатура на хунтата.

Судири избиле по завршувањето на маршот, а одредени демонстранти полицијата ја гаѓаа со камења и молотови коктели.

Грчката телевизија Алфа пренесе снимки од полицијата како демонстраните ги растерува со солзавец.

Одредени демонстранти поставиле и барикади.

Засега нема податоци за можните повредени и уапсени.