Македонија
18. October 2018 - 18:23

Хаос на скопските улици - возачи се испотепале, едно лице завршило во болница

Група тепачка во Скопје, причината била кој имал предност во сообраќајот. Како што стои во билтенот на МВР, вчера  во 17.20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Љубљанска“ бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Ф.В.(18), С.В.(30) од една страна и Б.Х.(45) и И.Ѓ.(23) од друга страна. Б.Х. се здобил со телесни повреди констатирани од страна на лекар од Градската општа болница „8-ми Септември“. До нарушувањето на јавниот ред и мир дошло поради претходна вербална расправија околу давање првенство на минување во сообраќајот.

Се работи на расчистување на случајот.