Македонија
16. November 2018 - 13:30

Хаос на скопските клиники: Пијан маж направил вистинска драма - полицијата го уапси

Хаос на скопските клиники, пациент во алкохолизирала состојба  кршел се пред себе.

Според информациите на полицијата, вчера во 18.55 часот во Полициската станица Центар, медицинска сестра од Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ пријавила дека З.Т., кој бил донесен во алкохолизирана состојба на клиниката, по укажаната помош почнал агресивно да се однесува и да крши предмети. З.Т. бил приведен во Полициската станица Центар и против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.