Балкан
22. November 2018 - 15:43

Хаос на протестите во Албанија: Жестока тепачка меѓу демонстрантите и полицијата пред парламентот во Тирана

Заменик директорот на полицијата во Тирана, Димитраќ Зиу, и уште шест полицајци се повредени во текот на протестот на жителите на подрачјето Астир, кои се противат на проширувањето на патниот проект „Голем прстен“ (Big ring), барајќи полна компензација за рушењето на куќите поради тој проект.

Заменикот на директорот на полциијата и шест полицајци, меѓу кои една е жена, се повредени во обидот да ги спречат учесниците на протестот да влезат во зградата на албанскиот парламент.

Демонстрантите во текот на протестот фрлале петарди, а испукале и солзавец во текот на судирите со полицајците.

Тие организирале протест пред парламентот, каде пратениците од владејачкото мнозинство го разгледувале буџетот за 2019 година и на која Сандер Леши требало да биде избран за заменик министер за внатрешни работи на Албанија, пренесува сајтот Албаниан дејли њуз.