Македонија
14. October 2018 - 14:43

Хаос на меѓуградската станица во Тетово - поради една торба избувнала жестока тепачка

Драма на меѓуградската станица во Тетово, возач и уште двајца негови колеги биле физички нападнати.

- На 13.10.2018 година во 13.00 часот во Полициската станица Тетово, Б.А.(33) од село Нераште, тетовско, возач на автобус во туристичка агенција, пријавил дека истиот ден околу 07.00 часот, тој и неговите колеги Ш.И. и А.Р. на меѓуградската автобуска станица во Тетово физички биле нападнати од лицето Д.Р. Додека чекале да влезат патниците во автобусот со кој требало да патуваат за Копенхаген – Данска, дошол Д.Р. и ставил торба во автобусот. Ш.И. му рекол дека не може да земе торба и настанала расправија помеѓу нив, по што Д.Р. физички ги нападнати, стои во соопштението на МВР. 

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.