Свет
18. December 2018 - 21:41

Хаос на француските автопатишта: Жолтите елеци ги зазедоа и ги запалија наплатните рампи, на 40 места не се плаќа патарина

Француските демонстранти „Жолти елеци“ предизвикаа денеска хаос во сообраќајот откако ги окупираа наплатните рампи на автопатиштата, а некои од нив и ги запалија.

Најголемиот француски оператор Ванси Ауторут соопшти дека демонстрации биле одржани на 40 места на патната мрежа која ја покриваат и дека неколку делови од автопатот се тешко оштетени, најмногу на југот на Франција.

Бандол наплатната рампа, источно од Марсеј, на југот на Франција е оштетена во пожар во текот на ноќта, а автопатот А50 е затворен, соопшти Ванси Авторут, чија мрежа се наоѓа главно на југот и западот на Франција. Неколку луѓе настрадаа во несреќи на автопатот во изминатите седмици, главно на местата каде демонстрантите ги блокираа патиштата.

Жолтите елеци го добија тоа име поради флуоресцентинтие елеци кои ги носат на протестите кои почнаа во средината на ноември. Демонстрациите почнаа како протест против зголемените такси за гориво, но подоцна прераснаа во протест против политиката на францускиот претседател Емануел Макрон.

Во текот на изминатите 4 саботи демонстрантите палеа автомобили, ограбуваа дуќани и се судираа по полицијата во Париз и другите градови, додека изминатиот викенд демонстрациите беа помали и помирни отколку минатиот викенд. Демонстрантите, лути поради новите ограничувања на брзината, исто така оштетија или уништија стотина радари ширум Франција.

Радарс-ауто.ком проценува дека до средината на минатата седмица оштетени се најмалку 1.600 радари, околу половина од сите радари во Франција додека 250 се целосно уништени. Француската држава ќе изгуби неколку десетици милиони евра во приходи поради тоа што радарите во 2017 година и носеа приход од околу 64 милиони евра месечно.

Ванси Ауторут предвидува дека нивното повторно поставување ќе чини неколку десетици милиони евра, а тука се и изгубените патарини зошто демонстрантите пуштале илјадници возачи на автопатиштата без да платат патарина. Ванси планира на им испрати сметки на возачите кои не платиле патарина, а чии таблички се снимени од камерите за надзор во изминатите 4 недели.