Жолтите елеци го добија тоа име поради флуоресцентинтие елеци кои ги носат на протестите кои почнаа во средината на ноември. Демонстрациите почнаа како протест против зголемените такси за гориво, но подоцна прераснаа во протест против политиката на францускиот претседател Емануел Макрон.
Во текот на изминатите 4 саботи демонстрантите палеа автомобили, ограбуваа дуќани и се судираа по полицијата во Париз и другите градови, додека изминатиот викенд демонстрациите беа помали и помирни отколку минатиот викенд. Демонстрантите, лути поради новите ограничувања на брзината, исто така оштетија или уништија стотина радари ширум Франција.
Радарс-ауто.ком проценува дека до средината на минатата седмица оштетени се најмалку 1.600 радари, околу половина од сите радари во Франција додека 250 се целосно уништени. Француската држава ќе изгуби неколку десетици милиони евра во приходи поради тоа што радарите во 2017 година и носеа приход од околу 64 милиони евра месечно.
Ванси Ауторут предвидува дека нивното повторно поставување ќе чини неколку десетици милиони евра, а тука се и изгубените патарини зошто демонстрантите пуштале илјадници возачи на автопатиштата без да платат патарина. Ванси планира на им испрати сметки на возачите кои не платиле патарина, а чии таблички се снимени од камерите за надзор во изминатите 4 недели.