Балкан
15. January 2018 - 9:29

Хаос на аеродромот во Дубровник: Гром удри во авион на „Кроација ерлајнс“

Авион на „Кроација ерлајнс“ на летот Франкфурт - Дубровник е удрен од гром непосредно пред слетувањето на аеродромот во Дубровник.

Се наведува дека инцидентот се случил синоќа околу 21 часот.

Слетувањето поминало без никакви проблеми.

Оштетувањето на авионот „Ербас“ А319 е видливо и авионот е приземјен.

Механичарите на хрватскиот авиопревозник ќе се обидат да го оспособат авионот за наредниот лет.