Хаос на аеродромот во Атланта: Падна плафонот на ресторан, едно лице повредено
Дел од таванот се урна денеска на меѓународниот аеродром Хартсфилд - Џексон во Атланта, поради што едно лице побара лекарска помош, соопштија официјални лица од аеродромот.
До несреќата дошло нешто пред 8.00 часот утрото кај еден од најблиските главни терминали за домашен сообраќај, се наведува во соопштението од аеродромот, пренесува АП. Аеродромот не ја соопшти природата на повредите на лицет, но наведе дека е префрлено во болница.
На фотографиите на социјалните мрежи може да се видат работници во портокалова елеци кои го прегледуваат прозорецот од едната страна на паднатиот плафон, додека патниците на аеродромот стојат на другата стран. Поправите и истрагата за несреќата се во тек.
Рушењето на дел од таванот на ресторанот немало влијание врз авиосообраќајот на аеродромот.
Ново на Сител
-
Надал: Нема повеќе да се натпреварувам во Барселона
-
Ред Бул има намера да го задржи Перез во 2025 година и да го врати Албон во 2026 година
-
Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“
-
Стартува трката за пратеници, уште пет дена претседателска кампања
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина за употребата на динарот во Косово
-
Американскиот Конгрес на 20 април ќе гласа за помошта за Украина и Израел
-
Избори во Хрватска: По преброени 98 отсто од гласовите - ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати
-
Лидерите на ЕУ повикаа на борба против дезинформациите, манипулациите и странското мешање во изборните процеси