Свет
30. May 2019 - 9:08

Хант: Подобро да се одложи Брегзит, отколку да се излезе без договор

Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант, кој е еден од кандидатите за наследник на премиерката Тереза Меј, изјави дека повеќе би сакал да го одложи Брегзит после 31 октомври, отколку да спроведе излез од Европската унија без договор и на тој начин да ризикува одржување парламентарни избори.

– Ризикот од одржување парламентарни избори во наредните шест месеци би бил огромен, рече Хант за ИТВ.

Според него, конзервативците би доживеале пораз на парламентарни избори ако се одржат пред Брегзит.