Хант: Иран и САД би можеле случајно да предизвикаат конфликт
Иран и САД би можеле случајно да предизвикаат конфликт во и онака нестабилниот Залив, изјави во Брисел британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант, додека течеа разговорите меѓу американскиот државен секретар Мајк Помпео и највисоките официјални претставници на ЕУ.
Американскиот претседател Доналд Трамп сака да го изолира Техеран и да му го оневозможи извозот на нафта, откако се повлече од иранскиот нуклеарен договор. Трамп, исто така, го зајакна военото присуство во Заливот за да изврши притисок врз Иран.
Додека Европската унија ја дели загриженоста на САД за Иран, вклучувајќи го и неговото учество во сирискиот конфликт, таа се уште го поддржува нуклеарниот договор, наведувајќи дека тоа е во интерес за безбедноста на Европа.
Велика Британија, Германија и Франција се потписнички на договорот од 2015 година, а нивните министри за надворешни работи одржаа одвоени средби во Брисел со Помпео, кој, за да ги информира европските сојузници за најновите потези на Вашингтон, ја откажа планираната посета во Москва пред да замине во Сочи на состанокот со рускиот колега Сергеј Лавров и рускиот претседател Владимир Путин.
Помпео во Брисел се состана и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Ново на Сител
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува