-->
-->
Хан, Вајгл, Ховит и Кукан во Скопје по решение за политичката криза
-->
Еврокомесарот за преговори за проширување и европска соседска политика Јоханес Хан денеска во Скопје ќе се сретне со лидерите на четирите политички партии за да издејствува конечен договор за политичката криза во Македонија. Заедно со него на средбите ќе бидат и тројцата европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан.
Според соопштението на Европската комисија, Хан ќе има поединечни средби со лидерите на четирите најголеми политички партии Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА, а потоа треба да се одржи и заедничка лидерска средба.
- Средбите што ќе се одржат на 14 јули имаат за цел надминување на политичката криза во земјата. На нив, исто така, ќе присуствуваат олеснувачите од Европскиот парламент, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, информира Европската комисија.
Основа за постигнување конечен договор, како што најави портпаролката Маја Коцијанчич, е договорената рамка од 2-ри јуни што предвидува итни реформи во неколку области и одржување на вонредни парламентарни избори најдоцна во април 2016 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024