Македонија
27. July 2018 - 12:17

Хан: Уверен сум дека преговорите со ЕУ ќе почнат следната година

Комесарот Хан очекува старт на преговорите со Македонија и Албанија откако ќе се добие зелено светло од сите земји членки до средината на идната година. Во интервју за Политико, тој велеи дека целта на европа е да извезува стабилност а не да увезува нестабилност, токму поради тоа како и поради научените грешки од минатото тој вели дека унијата се бори да обезбеди долготраен развој во земјите од Западен Балкан.

- Уверен сум дека навистина идната година ѓе започнеме со преговорите. Целта е да се добие зелено светло од сите земји членки во средината на следната година, и првите поглавја да се отворат до крајот на идната година, вели Хан.

Помеѓу шестте земји кои се на патот кон Брисел во моментов предничат Црна Гора и Србија, но комесарот Хан вели дека процесот треба да биде заснован на заслуги, земјата која прва ќе ги исполни условите да ја добие влезницата наместо да ја чека другата кој доцни во исполнување на процедурите.

- Процесот наликува повеќе на регата отколку на конвој. Ќе видиме кој прв ќе стигне до целта. Датумот 2025 година е индикативен бидејки за да станат членка во 2025та треба да ги завршет преговорите во 2023 година што е речиси утре така што тоа е возможно, но е многу амбициозно, вели Хан.

Хан не се согласува со Макрон дека прво унијата мора да се реформира пред приемот на нови членки посочувајки дека процесите можат да се водат паралелно, а обединување на Европа може да биде завршено само кога шесте земји ќе станат членки на унијата.