Македонија
20. May 2019 - 16:05

Хан уверен дека датумот за преговори ќе стаса пред летото

Македонија моментално  е политички најстабилна земја  во регионот,   порача Хан од Виена. Еврокомесарот  ја посочи државава како п озитивен пример за решавање на споровите  со своите соседи. Хан очекува и од најскептичните во ЕУ да ги препознаат заслугите на Македонија  и да и дадат зелено светло за старт на  преговорите.

На датум се надева и премиерот Заев се надева на датум. Уверува дека македонските институции се  подготвени за преговарачкиот процес.

Европската комисија  следната недела ке го објави извештајот за напредокот  на земјава.  За евроамбасдорот Жбогар нема дилема дека Брисел ке препорача отворање на преговарачкиот процес. Последниот  збор  сепак ке го имаат земјите членки, посочува амбасадорот, а нивната одлука  ке се темели врз реформите кои се во тек.

Годинава се доцни со извештајот на Комисија поради изборите за европскиот парламент кои ке се одржат на крајот на оваа недела. Поради изборниот процес најверојатно ке биде поместен и состанокот на веропскиот совет на крајот на јуни или почетокот на јули.