Свет
22. July 2017 - 15:58

Хан: Разбирлив е цврстиот став на Берлин кон Турција

Цврстиот став на Германија во однос на Турција е разбилв со оглед на тоа што Анкара притвори активисти за човекови права меѓу кои и германски државјани, изјави комесарот на Европска унија за проширување Јоханес Хан.

- Мислам дека покажавме големо трпение кон Турција, Изгледа дека тоа не се цени. Реакцијата на Германија е разбирлива, изјави Хан во интервју за германскиот дневен весник „Велт“.

Девет Германци, од кои четорица имаат и турско државјанство, во моментот се во притвор во Турција, а Хан изрази жалење бидејќи Анкара „се повеќе се оддалечува од европските стандарди“ со мерките против владините противници по минатогодинешниот неуспешен обид за воен удар.

- Најновите апсења на активисти за човекови права за жал го потврдуваат деструктивниот курс на Турција по кој тргна по неуспешниот пуч, а кој ние остро го осудивме, посочи Хан.