Хан: Препорака за отворање на преговори со Македонија, но да се исполни договорот и препораките на ЕК
Република Македонија ја доби седмата последователна препорака од Европската комисија за отворање на преговорите за членство во Европската унија, но под услов целосно спроведување на договорот од јули/јуни и да се почне со реформи по препораките на ЕК.
Ова предмалку пред пратениците во Комитетот за надворешни работи на Европскито парламент (АФЕТ-група) во Брисел го соопшти еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан.
Претставувајќи ја Стратегијата за проширување за 2015 година, Хан за Македонија потврди дека има нова препорака со очекуваниот услов, јави дописникот на МИА од Брисел.
- За напредокот постигнат досега, спроведување на договорот од јули е важен и Европската комисија предлага отворање на преговори со Македонија под услов да се спроведе јулскиот договор и итно да се почне со реформските мерки препорачани од ЕК. Понатака со ова прашање ќе се бавиме по парламентарните избори на пролет идната година, соопшти Хан пред европратениците
Според еврокомесарот, Македонија има високо ниво на усогласеност со европското законодавство, но се покажало дека политичкиот состав е загрозен поради политичкото мешање и корупцијата.
- Во јули се постигна политички договор, каде посредуваа европратениците Иво Вајгл и Едвард Кукан и тоа на најдобар начин донесе решение на политичката криза. Политичките лидери во земјата мора да се свесни кои се приоритетите за итни за реформи. Потребно е да се доврши и реформа на Охридскиот договор, а дополнителни мерки за доверба се потребни меѓу етничките заедници, додаде Хан.
Седницата пред АФЕТ на Европарламентот се уште трае со прашања и настап на европратениците, а комесарот Хан во 12:30 часот на прес-конференција во Европската комисија исто така јавно е ги претстави извештаите за прогресот во евроинтеграциите на земјите од процесот на пристапување.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари