Балкан
11. November 2016 - 21:19

Хан: Нема визна либерализација за Косово без договор за демаркација со Црна Гора

Доколку Приштина не го одобри договорот за демаркација на границата со Црна Гора, не може да добие визна либерализација за патување на косовските граѓани во земјите од ЕУ, порача денеска еврокомесарот за проширување Јоханес Хан по посетата на Косово.

Тој истакна дека „политичката поларизација“ на Косово негативно влијае врз патот на земјата кон интеграција во ЕУ.

Опозициските пратеници во косовскиот Парламент, кои се против договорот, ја спречуваа работата на законадавниот дом користејќи, меѓу другото, солзавец, свирчиња и шишиња со вода.

Косово минатата година потпиша Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ.