Хан: Македонија може да им се придружи на Србија и Црна Гора на патот кон ЕУ
Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, оценува дека Македонија може да им се придружи на Србија и Црна Гора, кои веќе се наоѓаат на евроинтеграцискиот пат и кои веќе ги почнаа преговорите за пристапуваање кон ЕУ.
- Државите од Западниот Балкан се уште се слаби и проширувањето на ЕУ е единствениот начин за мирна стабилизација на регионот. Но, кога тие ќе пристапат кон ЕУ не можам да дадам точна проценка, рече Хан во интервју за германскиот весник „Ханделсбад“.
Во однос на исполнувањето на критериумите за пристапување, Србија и Црна Гора се најблиску, но, оцени Хан, по решавањето на спорот со Грција околу името, Македонија има добри шанси да продолжи напред.
Иако не постои прецизен датум, смета еврокомесарот, сепак 2025 година е ориентациската цел од страна на Европската комисија како потенцијален датум на пристапување на земјите со најголем напредок во регионите од Западен Балкан.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка