Македонија
14. April 2016 - 9:14

Хан: Кризата може да се реши само политички, не со насилство

Кризата може да се реши само со политички средства, а не со насилство, порача на својот твитер профил еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

- Ги повикувам сите политички партии и одговорни граѓани да се воздражат од акти на насилство. Кризата може да се реши само со политички средства. Одговорност на политичарите е да се вратат на преговарачка маса, вели Хан по синоќешните протести во врска со одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за општ прекин на сите постапки против политичари и нивните соработници за случаи поврзани со нелегалното прислушување.