Македонија
10. February 2017 - 16:11

Хан ја предаде донацијата од 33 возила за граничната полиција и ЦУК

33 возила за граничната полиција и центарот за управување со кризи. Комесарот Хан ги предаде сертификатите за донацијата од ЕУ на првите луѓе на МВР и ЦУК порачувајки им дека како и досега европската унија ќе продолжи да стои покрај Македонија како и во текот на целата мигрантска криза.

Донацијата е во вредност од 800.000 евра. 31 од возилата ќе ги користи граничната полиција додека останатите две ќе бидат на располагање на ЦУК. Последната донација е дел од програмата за специјални мерки како помош од ЕУ, преку која беше обезбедна опрема и за болниците во Гевгелија и Куманово.