Македонија
20. October 2018 - 10:31

Хан: Им честитам на сите кои се одлучија да тргнат по европскиот пат

Европскиот комесар за прошурување Јоханес Хан ја поздрави одлуката на македонскиот Парламент да усвои одлука за пристапување кон уставни измени на државата.

– Голем ден за демократијата во Скопје. Им честитам на сите кои се одлучија да тргнат по европскиот пат, Верувам дека слободната волја на сите пратеници е целосно почитувана и особено на оние кои ги надминаа партиските бариери. Треба државништво, а не партиски игри, напиша Хан на Твитер.