Македонија
25. July 2019 - 16:04

Хан донесе оптимизам но побара реформи, борба со корупцијата и закон за СЈО

Датумот во октомври  ке го добиете, но Македонија ке  мора да докаже дека цврсто гази по патот на правдата,  порача еврокомесарот Хан во Скопје. Според него, во следниве два месеца е клучно   да се донесе  закон за  јавно обвинителство кој ке биде функционален во борбата против корупција.  Унијата при тоа има и црвени лини : никој не смее да биде амнестиран ако се огрешил од законот, вели Хан.

Можам само да ги поттикнам сите политички партии. Нашата црвена линија е дека секое решение мора да земе предвид оти не може во транзициската фаза да има изгубени случаи. Никој не смее да биде амнестиран од целиот процес поради неспособноста да се исполнат одредени рокови. Затоа тоа мора да се гарантира. Така ние го гледаме владеењето на правото“

Премиерот  уверува дека токму таков, европски, е  законот  за Јавно обвинителство кој го предлага владата.  Тој вели дека се работи за компромисно решние во кое се вклучени и забелешките на опозицијата. Според него, сега е ред на Собранието да ја дефинира финалната верзија на законот. Заев тврди дека случајот Рекет  е доказ за бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата 

-Пораката е дека никој нема да биде привилегиран и амнестиран, го охрабрувам јавното обвинителство да ја продолжи постапката за „Рекет“ без разлика до кого ќе стигне.Дефинитивно конкретниот случај на борба против криминалот и корупцијата, случајот „рекет“, незаконската продажба на тутун, шпанските скали, покажуваат одлучна и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, без разлика дали ќе водат кон обвинител, политичар, или газда на медиум, никој не може да биде изземен пред законот. 

И Хан охрабрува дека  истрагата за најновиот случај мора да продолжи.

Евроомесарот, кој се надева на трет мандат , се сретна со лидерот на опзоицијата . Мицковски. Изразил загриженост поради застојот во евроинтеграциите и растечкиот криминал во земјава.

-Сериозните скандали го рушат кредибилитетот на земјава и ја подриваат правната држава загрозувајќи ја и европската иднина. Немањето волја за справување со корупцијата и сомнежите за криминал се гледа и во предлог законот на премиерот Заев за организирање на обвинителството каде наместо непристрасна борба против корупцијата се нудат решенија кои ќе бидат алатка за политички притисоци и заштита на криминалот, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

И на средбата Хан - Ахмети, во фокусот била токму борбата против корупцијата. Лидерот на Дуи на еврокомесарот му пренел дека неговата партија се согласува со предлог законот за ЈО, но нема предлози за тоа кој би требал да седне на чело на одделот за гонење  висока корупција и криминал.

Идејата на чело на овој оддел да биде ставен странец,за Ахмети е апсурна бидејки земјава не е протектпрат.