Хан до Албанија: Уапсете ги „големите риби“ или заборавете на интеграција во ЕУ
Европскиот комесар за проширување на Јоханес Хан и порача на Албанија дека доколку навистина сака да започне преговори за членство во ЕУ, треба да почне со апсење на „големите риби“.
Во интервју за гермскиот весник „Штутгартер Цајтунг“ Хан нагласува дека Албанија треба да ги изнесе пред правдата корумпираните функционери или во спротивно „добро ќе биде да ја заборави ЕУ“
- За започнување преговири за членство, ние посветуваме големо значење на спроведувањето на законите, изнесување пред правдата на вистинските случаи на корупција и секако големите риби да не се поштедуваат. Без напредок во овој правец преговорите може да се прекинат, вели Хан.
Еврокомесарот се задржува и на скептицизмот што владее кај повеќе европски држави во врска со започнувањето на преговорите со неколку земји од Балканот, меѓу кои и Албанија. упатувајќи им апел на земјите членки на ЕУ да му дадат поттик на Балканот за да се обедини во европското семејство.
- Скептицизмот го разбирам и исто така не велам дека се подготвени да се зачленат. Исполнувањето на потребните реформи за тоа може да се постигнат во текот на процесот за членство, нагласува Хан.
Тој во интервјуто посочува дека лично лобирал во германскиот Буденстаг следниот месец да и биде даде зелено светло на Албанија за почеток на преговорите за челнство.
Ново на Сител
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228
-
ДИК: Oд обработени 63,59% oд гласовите Силјановска Давкова 214.560, Пендаровски 105.593
-
ДИК: Oд обработени 59.59% oд гласовите Силјановска Давкова 197.741 - Пендаровски 97.592
-
Двојна предност на Силјановска пред Пендаровски од 50,3% обработени гласа
-
ДИК: 46,36% oбработени
-
ВМРО-ДПМНЕ: Обработени 13,44% од гласовите - Силјановска Давкова 109.692, Пендаровски 48.553
-
Тошковски и Бојмацалиев: Граѓаните гласаа за избор на Претседател на државата, во мирна, безбедна и демократска атмосфера