Хан: Да му помогнеме на Западен Балкан
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска изјави дека не може да се дозволи земјите од Западен Балкан сами да се борат со бегалскиот бран, предупредувајќи на опасноста од појава на „невидливи железни завеси“ во Европа.
Тој истакна дека земјите од Западен Балкан без своја вина се најдоа во тешка ситуација поради големиот број бегалци, кои пристигнуваат на нивна територија.
- Сега имаме проблем на границата меѓу Србија и Унгарија, а утре можеби ќе имаме кога преку Хрватска ќе тргнат кон Словенија и Австрија, нагласи еврокомесарот.
Хан додаде дека не смее да се дозволи бегалците да се најдат заробени во земјите од регионот и се заложи итно да им се помогне во решавање на мигрантската криза.
- Сакам да видам стабилизација и натамошен напредок, а не нови оптоварувања во регионот, истакнува Хан.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите