Свет
7. July 2016 - 16:07

Хамонд: Британската Влада треба да побара активирање на членот 50 од Лисабонскиот договор

Шефот на британската дипломатија Филип Хамонд денеска изјави дека Владата, а не Парламентот, официјално треба да побара активирање на членот 50 од Лисабонскиот договор, за отпочнување на процедура за излез од Европска унија.

Тој додаде дека Парламентот може да има своја улога во тоа, но оти конечното решение ќе биде новиот премиер.

- Се разбира, Парламентот ќе сака да се изјасне за тоа прашање, ќе сала да учествува во дебатите и тоа треба да е така, но обврска на Владата е да донесе одлука за активирање на членот 50 од Лисабонскиот договор, посочи Хамонд.

Британскиот министер за надворешни работи наведе дека Лондон во моментот не е во состојба да почне преговори за излегување од ЕУ.

- Идниот премиер ќе треба да одлучи дали Велика Британија ќе претседава со ЕУ во 2017 година, како што беше предвидено пред референдумот, на референдумот, наведе Хамонд.