Свет
14. July 2016 - 11:31

Хамонд: Британската влада се уште не одлучила кога ќе го отпочне Брегзит

Британската влада допрва треба да одлучи кога ќе го активира член 50 од Лисабонскиот договор, што ќе значи официјално отпочнување на излегувањето на Обединетото Кралство од ЕУ, изјави денеска Филип Хамонд, нов британски министер за финансии, а поранешен шеф на дипломатијата.

-Тоа е одлука којашто се уште не сме ја донеле. Сега ги имаме клучните луѓе кои ќе бидат вклучени во тој процес. Откако денеска премиерката Тереза Меј ќе го доврши составувањето на кабинетот, сигурен сум дека ќе стане збор и за британската преговарачка стратегија, и како таа ќе се води, рече Хамонд, одговарајќи на прашања за радиото ЛБЦ.