Свет
1. November 2015 - 21:48

Хамнеи: Избори како решение за граѓанската војна во Сирија

Иранскиот врховен духовен лидер ајатолахот Али Хамнеи изјави денеска дека изборите претставуваат решение за конечната граѓанска војна во Сирија.

Тој упати критика до странските сили поради вооружување и финансирање на борците на сириската опозиција.

- Одговорот на сириското прашање се изборите и за тоа е неопходно да се  спречи војната и финансиската помош за опозицијата, рече Хамнеи. 

Тој додаде дека американските цели на Блискиот Исток се спротивни од целите на Иран и оти преговорите со Вашингтон, кога станува збор за регионалните прашања се беспредметни.