Ф1
16. September 2018 - 19:15

Хамилтон триумфираше пред Верстапен и Фетел во Сингапур

Хамилтон имаше сигурен старт од пол-позицијата, додека Фетел се обиде да го помине Ферстапен на второто место, нешто што му успеа пред да заврши кругот. Зад нив имаше хаос.

По прекинот на трката и влегувањето на безбедносното возило по судирот помежу Перез и Окон од екипата на Форс Индија ,  Фетел бараше шанса во рестартот за да избие пред Хамилтон  но светскиот првак беше  внимателен и не само што не дозволи претекнување туку и се одлепи.

Во италијанскиот тим се обидоа да го искористат влегувањето во бокс за да го поминат Хамилтон, но наместо тоа, кога Ферстапен влезе во боксот, тој успеа да излезе пред Фетел, оставајќи го Германецот на третото место до крајот на трката.