Ф1
11. јуни 2017 - 14:55

Хамилтон стартува од пол-позиција на канадското Гранд-при

 
 
Луис Хамилтон ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Канада. 
 
Возачот на Мерцедес ја освои 65-та пол позиција во кариерата со што се израмни на вечната листа со легендарниот Аиртон Сена, а лидер на оваа листа е Михаел Шумахер со 68 први стартни места во кариерата.
 
Луис Хамилтон доминираше во квалификациите, беше убедлив во однос на конкуренцијата, а своето најбрзо време го постигна во последниот круг 1:11.459 минути.  Веднаш зад Хамилтон во првиот стартен ред ќе биде лидерот во Генералниот пласман Себастијан Фетел, кој имаше 0.330 секунди послабо време од Британецот.
 
И во вториот ред ќе бидет возаќите на Мерцедес и Ферари и тоа Валтери Ботас пред Кими Раиконен.
 
Третиот ред го резервираа пилотите на Ред Бул Макс Ферстапен и Даниел Рикардо.
 
Трката за Големата награда на Канада на патеката „Жил Вилнев“ во Монтреал, ќе стартува во 20 часот по македонско европско време.