Loading Video...
Ф1
29. July 2018 - 17:45

Хамилтон победник на унгарското Гранд-при

Луис Хамилтон е победник на 12-тата трка во Формула 1 шампионатот односно унгарското Гранд-при.

Актуелниот шампион ја искористи пол-позицијата и со перфектно возење , но и голема помош од клупскиот колега Ботас,кој постојано го кочеше Себастијан Фетел од Ферари, возачот на Мерцедес стигна до својата петта  победа сезонава, вкупно 67-ма во кариерата. 

Иако во поголемиот дел од трката Ботас беше зад Хамилтон, сепак Финецот, не успеа до крај да го издржи притисокот на Фетел, а од нивниот меѓусебен контакт, најмногу профитираше Кими Раиконен кој стигна до третото место за клупскиот колега Фетел 

Сега во генералниот пласман Хамилтон има 213 бода, Фетел е втор со 189, а по нив следуваат Раиконен со 146 и Борас со 132

По оваа трка следува пауза речиси од еден месец, односно до 26 август за кога е закажана трката за Големата награда на Белгија.