Loading Video...
Ф1
4. August 2019 - 18:16

Хамилтон победник на унгарското Гранд-при

 
Британецот, Луис Хамилтон победи на 12-тата трка во Формула 1 шампионатот која се водеше денеска на патеката Хунгаро-ринг, а за Големата награда на Унгарија. 
 
До својата осма победа сезонава, возачот на Мерцедес стигна пред се благодарение на тимската стратегија, која резултираше на три круга пред крајот кога го мина дотогаш водечкиот Макс Верстапен кој мораше да се задоволи со второто место. 
 
На пиедесталот се искачи и Себастијан Фетел на Ферари, кој во завршните кругови го мина тимскиот колега Шарл Леклер. 
 
Актуелниот светски шампион Хамилтон сега ја зголеми бодовната предност во Генералниот пласман. Британецот има 250 бодови, или 62 повеќе од тимскиот колега Валтери Ботас кој денеска заврши на осмото место. 
 
Следната трка е дури на 1 септември кога на патеката Спа-Франкошамп, ќе се вози белгиското Гранд-при