Loading Video...
Ф1
29. April 2018 - 17:14

Хамилтон победник на Гранд-прито во Азербејџан

Британецот, Луис Хамилтон е победник на Гранд-прито на Азербејџан. 
 
Актуелниот шампион Хамилтон, до својата прва победа сезонава во Формула 1 шампионатот,  стигна во четвртата трка која се возеше низ улиците на Баку.
 
Покрај возачот на Мерцедес, место на пиедесталот обезбедија и Кими Раиконен од Ферани и возачот на Индија Форбс, Серхио Перез
 
Со денешниот триумф Хамилтон изби на првото место во Генералниот пласман со 70 бодови, пред Фетел со 66 и Раиконен кој има 48.
 
Следната трка ќе се вози во Барселона за Големата награда на Шпанија на 13 мај.