Ф1
30. October 2017 - 9:47

Хамилтон ја освои шампионската титула, Ферстапен победи во Мексико

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон ја освои и четвртата титула шампион во формула 1 или трета во последните четири сезони. Тој по вчерашната трка на која победи Макс Ферстапен го освои 9.место, но неговиот конкурент Себастијан Фетел заврши на четврата позиција. На две трки до крајот на шампионатот Хамилтон (333 бодови) има недостижна предност од 56 бодови во однос на Фетел (277).
На трката за ГН на Мексико победи Ферстапен од Ред Бул пред Ботас од Мерцедес и Раиконен од Ферари. Ова за Ферстапен е трета победа во кариерата и втора во 2017 година.
Следната трка ќе се вози на 12.ноември во Бразил.