Ф1
25. August 2017 - 16:28

Хамилтон: Фетел не сака да возиме во ист клуб

Пилотот на Мерцедес Луис Хамилтон изјави дека ривалот од Ферари, Себастијан Фетел не сака да вози со него во ист тим во шампионатот во Ф-1.
Договорот на Фетел со Ферари истекува на крајот од сезоната но сеуште не е продолжен а Мерцедес потврди дека Валтери Ботас и следната сезона ќе вози за екипата. „Мислам дека е малку веројатно дека Себастијан би се вратил во Мерцедес,мислам дека не сака да бидеме клупски колеги“, изјави Хамилтон за Скај Спорт.  Британецот неколку пати изјави дека не сака повластен статус во екипаа над клупскиот колега и нагласи дека има ист третман како и Ботас. 
Ферари потврди дека Кими Раиконен следната сезона ќе вози за екипата додека сеуште нема потврда и за Фетел.