Фудбал
4. February 2017 - 9:50

Хамбургер подобар од Баер Леверкузен

Екипата на Хамбургер забелеа минимална победа од 1-0 против Баер Леверкузен во воведниот натпревар од 19.коло на германската Бундес лига. 
 
На средбата одиграна синоќа во Хамбург, радоста на домашниот тим им ја донесе грчкиот репрезентативец Кирјакос Пападопулос со голот постигнат во 76.минута од натпреварот. 
 
Ова беше само четврта победа сезонава за Хамбургер кој и натаму се наоѓа во опасната зона за испаќање со 16 бодови, само еден повеќе од претпоследно пласираниот Инглоштад. 
 
Денеска на програмата се шест натпревари, а дербито ќе се игра во Дортмунд каде Борусија го пречекува второ пласираниот Лајпциг во дул од 18 часот и 30 минути.
 
Претходно во тењрминот од 15:30 часот ќе се играат натпреварите: 
Баерн Минхен – Шалке, 
Борусија Менхенгладбах – Фрајбур, 
Келн – Волфсбург, 
Херта – Инголштат, 
Хофенхајм – Мајнц,
 
Последните две средби од ова коло ќе се играат утре, а се среќаваат, Аугсбург – Вердер и Ајнтрахт – Дармштат. 
 
Табела: Баерн Минхен 45 бодови, Лајпциг 42, Ајнтрахт 32, Борусија Дортмунд 31, Хофенхајм 31, Херта 30,...