Свет
13. May 2021 - 8:26

Хамас испука 130 проектили кон израелска територија, сирени за тревога се огласија во Тел Авив

Хамас соопшти дека истрелал 130 ракети кон Израел денеска, вклучително и кон центарот на државата, како одмазда за ударот врз повеќекатницата во  Газа. Во Тел Авив  се огласија сирените за тревога, јавија израелските медиуми.

Групата соопшти дека нивниот напад е одговор на израелското гранатирање на кулата ал-Шоурук.

Израелски медиуми јавија и за убиено шестгодишно дете во напад наХамас со ракети во градот Сдерот. Проектилот погодил станбена зграда при што се повредени мајката на детето и уште четири други лица.