Тенис
20. March 2018 - 16:52

Хамамет: Добар старт на Јотовски

Нашиот најдобар тенисер Томислав Јотовски продолжува со учеството на турнири ширум светот. Од денеска Јотовски настапува на турнирот во Хамамет, Тунис и на стартот забележа победа против Жорди Муњоз Абреау во два сета со 6-4 и 6-2.

По по оваа победа Јотовски  ќе има интересна пресметка во второто коло, против партнерот во дубл, Дује Кекез од Хрватска.

Тие двајца ќе играат меѓусебе во сингл, а потоа ќе настапат како тандем во игра на двојки. Јотовски е осми носител на турнирот на земја со награден фонд од 15 илјади долари.