Тенис
20. August 2017 - 12:12

Халеп третпат го брка првото место на ВТА листата, овојпат во финалето против Мугуруза

Романската тенисерка Симона Халеп во финалето на турнирот во Синсинати вечерва ќе игра против шампионката на Вимблдон Гарбине Мугуруза. Халеп која е на втората позиција на ВТА листата по третпат има шанса да биде број 1 тенисерка во светот, со што ќе стане вкупно 24.та на која и успеало тоа.
Во полуфиналните мечеви вчера Мугуруза ја победи тенисерката број 1 Каролина Плишкова, а Халеп беше подобра од Солан Стефанс. Двата меча завршија со резултат 2-0 во сетови.
Во монентов Плишкова има 6.390 поени, а Халеп 6.385, но доколку ја освои титулата во Синсинати ќе има 6.700 што ќе и го донесе првото место.