Тенис
6. јуни 2018 - 17:54

Халеп и Мугуруза во полуфиналето на Роланд Гарос

Денеска на Отвореното првенство на Франција, на програмата по два четвртфинални дуели во машка и женска конкуренција 
 
Кај дамите, во полуфиналето ќе играат Симона Халеп и Габрине Мугуруза. 
 
Топ фаворитката Симона Халеп од Романија, во дуелот против Германката, Анжелик Кербер иако го загуби првиот сет со 7-6, сепак следните два ги доби со 6-4 и 6-2. 
 
Нејзината противничка трето рангираната Мугуруза од Шпанија со 6-2 и 6-1 беше подобра од Русинката, Марија Шарапова, 
 
 
Потсетување дека првиот полуфинален пак го сочинуваат  Слон Стивенс (10) и Американките Медисон Кејс (13.носителка). 
 
Дуелите во машка конкуренција меѓу првиот носител Шпанецот, Рафаел Надал и Аргентинецот, Диего Шварцман, односно  Хуан Мартин Дел Потро  (5) и третиот носител Марин Чилиќ од Хрватска се прекинати поради дожд. 

Вчера за место во полуфиналето и меѓусебен дуел се изборија Австриецот, Доминик Тием (7-носител) и Марко Чентинато од Италија