Фудбал
4. January 2017 - 18:38

Хал го отпушти менаџерот Фелан

 
 Мајк Фелан повеќе не е менаџер на Хал, ја потврди тренерската смена премиерлигашот преку клупскиот сајт.
 
Хал му се заблагодари на 54-годишниот стручњак поради серијата слаби резултати во последниот период. Хал во моментов е на последното 20.место во Премиер лигата со само 13 бодови од 20 натпревари.
 
Фелан екипата ја предводеше од јули 2016 година. Го доби признанието за најдобар менаџер за август, но клубот по добрите игри на почетокот на сезоната, падна во формата и не можеше да се врати во победничкиот ритам.