Хакирана руската банка ВТБ
Банката ВТБ, втора по големина во Русија денеска беше цел на хакерски напад поради што е отежнат пристапот до нејзината мобилна апликација и веб-страница.
ВТБ соопшти дека и покрај хакерскиот напад податоците на клиентите остануваат безбедни.
Државната ВТБ нападната со ДДоС од странство.
– Технолошката инфраструктура на банката е под невиден сајбер напад од странство. Најголем не само годинава, туку и во целото време на работење на банката, се наведува во соопштението на ВТБ.
Руските владини субјекти и државните компании се цел на хакерски напади поради инвазијата врз Украина. Претходно хакирани беа интернет-страниците на Кремљ, на авиокомпанијата Аерофлот, на Сбербанк и други. Хакерите, исто така, го одложија почетокот на говорот на претседателот Владимир Путин на главниот руски економски форум претходно оваа година.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата