Џет-Сет
31. October 2015 - 10:17

Хакиран Жан-Клод ван Дам - Откриен неговиот голем срам!

Поранешниот менаџер на социјалните мрежи на популарниот актер Жан-Клод ван Дам решил да направи хаос на интернет.

Незадоволнот поранешен вработен, Валид, меѓу другото, на официјалната адреса на „Твитер“ споделувал фотографии од самиот себе преправајќи се дека Ван Дам го објавил тоа.

Меѓутоа, тоа не е најлошото. Валид, меѓу другото, ги хакирал и приватните фотографии на актерот, па така објавил и приватна фотографија од евентуалната љубовница на Ван Дам, исечена доволно за да не се прекршат условите за користење на „Твитер“. Актерот е во брак од 1999 година.
Освен ова, тој открил и дека актерот со помош на „фотошоп“ ги „дотерува“ своите бицепси за потребите за претставување на интернетот.