Македонија
16. August 2019 - 14:19

Хакиран профилот на Ларис Гајсер - новинарот кој објавува бомби за „Рекет“

Фејсбук профилот на Ларис Гејзер кој во италијански „Ла Верита“ ги објави снимките за „Рекет“, бил хакиран.

Од официјалниот профил кој тој го користеше досега, напиша статус предупредувајќи ги пријателите на социјалната мрежа.

„Ако ја читате оваа порака: Мојот профил беше хакиран. Ниту еден друг профил не е мој. Тоа е замка. Ве молам не контактирајте никој друг профил со името Ларис Гејзер“, пишува во последната објава.